СЕМИНАРСКА РАБОАТА ПО ПРЕДМЕТОТ
“ОСНОВИ НА ЕКОНОМИЈА”
ТЕМА:
ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА
Содржина:
Јавен буџет
Функции на јавен буџет
Принципи на јавниот буџет
Јавни приходи
Даноци, акцизи и царини
Извори на финансирање
Елементи на даноците
Видови даноци
Такси
Придонеси
Останати јавни приходи
Јавни заеми и кредити
Јавни расходи
Структури на јавни расходи
Урамнотежување на буџетот
Буџетски суфицит
Буџетски дефицит
Финансирање на буџетски дефицит
Јавен долг
Мерки за стабилизација на јавен долг
Цели на фискална политика
Насоки на фискалната политика
Оптимална фискална политика
Ефективност на фискалната vs. монетарната политика
Фискална политика
Јавен буџет
Постоењето на држават како засебно организиран ентитетја наметнува потребата од собирање и користење на сопствени средства со цел да се овозможи нејзино самостојно функционирање. Систематскиот преглед на сите јавни приходи и расходи што ќе ги реализира државата во текот на еден фискален период се нарекува јавен буџет. Буџетот е истовремено и правен акт, и плански процес, и финансиски инструмент, и систематски преглед, временски огранишен и политички формулиран на таков нашин што претставува едно од најмошните орудија на државата. Тој е инператив за промовирањее на фискалнта политика и рализација на макроекономските, политишкките и социјалните цели на државата. Преку него, државата директно интервенира во пазарниот механизам со цел ефективно да ги задоволи своите општествени потреби.
Функции на јавниот буџет
При донесувањето на буџетот за следниот фискален период, се внимава тој да ги исполнува следните функции:
· политичка;
· планска;
· правна;
· развојна;
· економско-социјална;
· финансиска;
· контролна.
Политичката функција на буџетот е да ги прикаже и реализира главните цели на владеачката партија која била избрана да ја предводи државата заради својата политичка платформа.
Планската функција на буџетот еда изработи систематски преглед , базиран на други стратешки документи, според чија динамика ќе се реализираат политичките цели на државата.
Правната функција на буџетот го етаблира буџетот како правен акт или закон, кој со себе носи одредени правни последици, односно права и обврски.
Економско-социјалната функција на буџртот се согледува низ акцијата на макроекономската програма на државата базирана на три оддлни стратегии:алокативна, редистрибутивна и стабилизациона.Алокацијата се остварува преку механизмите на јавната потрошувачка, со финансирање на јавните капацитети и со издвојување на средства за социјални трансфери. Дистрибуцијата подразбира прераспределба на доходот преку механизмите на даноци и трансферни расходи. Стабилизацијата се реализира преку систем на повратна спрега, односно воспоставување на автоматски стабилизатори кои ги намалуваат флуктуациите на економските текови.
Развојаната функција на буџетот е да инвестира средства во одредени капитални проекти кои ќе имаат долгорочно стимулативно влијание врз стапката на раст на националниот доход.
Финансиската функција на буџетот се состои од остварување на постојана рамнотежа помеѓу јавните приходи и расходи и лоцирање на нови извори на финансирање кои нема да претставуваат товар на националната економија.
Контролната функција на буџетот се однесува на воспоставување на систем на контрола на различните процедури во буџетскиот циклус кои се извршуваат од страна од државните органи ангажирани во реализирањетио на буџетот. Типичните облици на буџетската контрола ги опфаќаат административната, судската, интерната и политичката контрола.
Принципи на јавниот буџет
Статичките принципи, се однесуваат на материјалната содржина на буџетот во мирување и во нив спаѓаат:
· буџетско единство ,
· универзалност,
· точност,
· јасност,
· буџетски плурализам.
Принципот на буџетско единство подразбира претставување на сите јавни приходи и расходи во форма на сметководствен идентитет, односно сите ставки мора да бидат евидентирани на исти класификациони основи.
Принципот на уноверзалност или потполност налага сите јавни приходи и расходи да бидат претставени во својата полна форма,без никакви скриени содржини.
Принципот на точност или реалност значи дека буџетот мора да биде базиран на реално утврдени финансиски рамки со точно определени износи.
Принципот на јасност подразбира групирање на јавните приходи и расходи на единствен и функционален начин, приходите се групираат според нивните извори, а расходите според нивната намена.
Принципот на буџетски плурализам претполага постоење на повеќе паралелни буџетски институции (фонд за обнова, фонд за социјално осигурување и сл.).
Наспроти статичките, динамичките принципи, се однесуваат на фазите на одвивањето на буџетскиот циклус во движење-подготовка, донесување, извршување и контрола на јавниот буџет. Тие ги опфаќаат следниве принципи
Принципот на урамнотеженост го условува функционирањето на буџетот со воспоставување на баланс помеѓу јавните приходи и расходи.
Принципот на специјализација налага користење на одредена спецификација при формулирање на јавните приходи и расходи, односно одобрените средства да се трошат во утврден износ, за утврдена цел и за определен временски рок.
Принципот на рочност го определува времетраењето на јавниот буџет, односно период во кој треба да се соберат приходите и да се реализираат расходите.
Принципот на јавност подразбира да се понуди буџетот на разгледување кај пошироката јавност пред да биде ставен на гласањеод страна на претставничкото тело за да се даде шанса да се чујат сите забелешки и да се направат поправки пред тој да биде изгласан.
Принципот на претходно одобрение значи дека без одлука за одобрение на буџетот од страна на надлежното законодавно тело не може да започне процесот на негово извршување бидејќи тој не е легитимен.
Јавни приходи
За да може да функционира државата мора да си обезбеди извори на финансирање од кои ќе се полни јавниот буџет. Јавните приходи се сретства кои државата ги собира од даночните обврзници за де може да ги извршува сите функции согласно уставот и законот. Сите учесници во националната економија,(физички или правни лица) кои имаат законска обврска да плаќаат давачки кон државата се нарекуваат фискални обврзници. Во јавни приходи спаѓаат
Даноци, акцизи и царини
Воспоставувањето на јавни давачки од задолжен карактер, даноци, царини и акцизи е основен и најстариот метод на финансирање на државата.. И во денешно време најголем дел од приходите државата ги остварува преку овие канали. Фискалните давачки се користат за реализација на следните макро и мезоекономски цели
Гледано од финансиски аспект, целта на јавните приходи е прибирање на средства од кои ќе можат да се реализираат главните расходи.
Од економска гледна точка, јавните приходи влијаат врз структурата на пазарот. Доколку државата изгради систем на оптимални фискални давачки, таа може да го подобри функционирањето на пазарниот механизам за алокација на ретките ресурси, нивото на цените, невработеноста како и економскиот раст.
Социјалната цел на оданочувањето се гледа во моќта на државата да го редистрибуира богатството помеѓу населението со цел намалување на социјалните разлики.
Државата ја исполнува политичката цел во наметнувањето на фискални давачки во вид на изградба на ефикасен даночен систем преку кој ќе може правилно да управува со целокупниот развој на општеството. На пример, државата може да наметне високи даноци за оние активности кои смета дека треба да се обесхрабрат бидејќи се штетни за здравјето на населението, како што е пушењето, алкохолот и сл.
Извори на финансирање
Пред да почне процесот на полнење на буџетот со јавни приходи, државата мора да ги идентификува изворите на финансирање. Најчесто како основа на оданочување се земаат
Личниот доход, како и добивката што ја остваруваат фирмите во приватниот сектор секогаш подлежат на оданочување бидејќи се главен извор на полнење на буџетот кој паралелно врши економско изедначување на социјалните слоеви на државата.
Данокот на имот исто така има улога на стабилен извор на финансирање во пазарно ориентираните општества со што едновремено го штити и оданочува правото на сопственост.
Данокот на потрошувачка е условен од економската моќ на граѓаните и трба да биде структуриран на тој начин што ќе го стимулира општествено корисното однесување на граѓаните, а ќе го намали мотивот за неплаќање на даноци.
Елементи на даноците
Како сложена финансиска катагорија , даноците содржат повеќе елементи, од кои најзначајни се даночната основа и даночната стапка. Доколку има даночна основа се зема вредноста на стоките или услугите, станува збор за ad valorem матод на оданочување. Но доколку како даночна основа се зема количината на стоките или услугите, се применува квантитативен( или специфичен) метод на оданочување. Откако ќе се утврди даночната основа, се определува и даночна стапка, која претставува инструмент за пресметка на данокот што трба да се плати и се изразува во проценти. Постојат три вида на даночни стапки:
Пропорцоиналната стапка не се менува со промена на даночната основа, односно учествува со ист прицент во даночната основа без разлика дали таа трпи промени или не. За разлика од неа прогресивната даночна стапка се зголемува повеќе од пропорционално со зголемувањето на даночната основа, додека пак дегресивната даночна стапка се намалува со зголемувањето на даночната основа.
Видови на даноци
Според начинот на пресметување, даноците се делат на директни и индиректни.
Директните, односно непосредните даноци како основа ги земаат приходите остварени од економската активност на физичките и правните лица. Во оваа катагорија на даноци спаѓаат персоналниот данок на доход како данок на добивка.
Индиректните, односно посредни даноци како основа ја земаат потрошувачката остварена како резултат на економската активност на физичките и правните лица. Во оваа категорија на даноци спаѓаат данокот на додадена вредност, царините и акцизите.
Данокот на додадена вредност се пресметува и плаќа во сите фази на производството и прометот на стоки и услуги, како и увозот на стоки.
Царините, пак, се фискални давачки кои државата ги наплатува при премин на стока од едно подрачје во друго. И покрај тоа што нивното влијание е генерално негативно, бидејќи ја ограничуваат меѓународната трговија и ги зголемуваат цените на стоките, царините се еден од најстерите и најстабилните форми на полнење на државната каса.
Акцизите претставуваат посебна категорија на данок на промет кој се однесува на определени видови на луксузни производи, чие што конзумирање е строго регулирано од страна на државата во форма на законски акти.
Такси
Таксите претставуваат паричен надоместок за извршување на услуги од страна на институциите на државата. За разлика од даноците, кои се задолжителни за фискални обврзници, таксите се плаќаат само ако граѓаните побарале некоја услуга од институциите на државата.
Поделбата на таксите се врши според институцијата која ја врши услугата, на административни и судски такси.
Административни се оние такси кои се наплаќаат за услуги дадени од страна на институциите на државната управа, како шѕо се издавање на државјанство, лична карта и сл.
Судските такси се такси кои се наплатуваат за услуги добиени од страна на судските органи, како што се заведување на судски спор, поднесување на тужба и т.н.
Начинот на плаќање на таксите може да биде директен и индиректен. Директна наплата е кога таксите се плаќаат во готово, а индиректна кога наплатата се врши по пат на таксени марки и уплатници. Во пракса, приходите од таксите во споредба со приходите од даноците, имаат незначително учество во вкупните јавни приходи.
Придонеси
Придонеситесе задолжителни давачки кои се наплатуваат од страна на институциите на државата од областа на социјалното осигурување, пензиско-инвалидско осидурување, здравствена заштита и други. Тие пред се ја јакнат социјалната мрежа на сигурнист на граѓаните и освен како форма на осигурување, обезбедуваат и дополнителна ликвидност на јавниот буџет.
Останати јавни приходи
Државата остварува голем број на јавни приходи кои не потекнуваат од даноци и придонеси. Меѓу нив се:
Државата остварува приходи од дивиденди во компании кои што има свој интерес. Во случаи на природен монопол, државата може да одлучи да има стратешки интерес во одредена компанија или пак целосно да ја национализира со цел да ја заштити специфицната стопанска гранка и да си обезбеди стабилен и долгорочен извор на полнење на буџетот. Парицните казни освен што имаат казнена улога исто така служат и за суплементирање на државната каса. Приходите кои државата ги остварува од камати можат да бидат врз оснива на дадени заеми или депонирани сретства кои обезбедуваат дополнителна ликвидност на буџетот.
Јавни заеми и кредити
Државата посегнува по јавни заеми и кредити како извор на сретства за финансирање на јавните расходи кога и се потребни дополнителни извори за реализирање на целите зацртани во буџетот. Јавните заеми и кредити најчесто се користат за финансирање на вонредни јавни расходи, а ги реализираат финансиски институции кои на државата и доделуваат одреден износ на сретства под специфични услови. Државата се наоѓа во улога на заемопримател, а како кредитор, освен домашниот приватен сектор може да бидат меѓународни финансиски организации, странски приватни лица, итн.
Јавни расходи
Со формирањето на државатакако засебен идентитет се јавуваат и одредени потреби кои таа мора да ги задоволи за да ја исполни целта на своето постоење. Јавните расходи претставуваат планирани издатоци кои државата ги прави за покривање на одредени потреби од општ, односно јавен карактер, т.е. обезбедување на јавни добра кои ќе им служат подеднакво на сите граѓани, како што се образование, одбрана, здравствена заштита, култура, наука и др.
Јавните расходи најчесто се изразени во парични средства, но сепак има случаеви кога јавните расходи можат да бидат и во натура.
Класичната економско-финансиска теорија нема посветено посебно внимание на прашањата поврзани со јавните расходи, бидејќи нејзините заложби се фокусираи на целосна економска либерализација на стопанството и сведување на улогата на државата на минимум. Современата економско-финансиска теорија ги базира своите начела врз кејнзијанската филозофија и целосно го отфрла сфаќањето на класичната економска мисла за минималистичката улога на државата во стопанскиот развој на земјата. Според современата теорија, јавните расходи претставуваат значаен инструмент за стимулација и регулација на стопанските активности. Затоа, при планирање на јавните расходи, државата треба да се раководи според следните начела:
Доколку јавниот расход не задоволува некоја неопходна општествена потреба, тој не е финансиски оправдан. Општествените потреби се задоволуваат со создавање на јавни добра.
Предвидливоста на јавните расходи налага што поголем процент од нив да бидат правилно испланирани со што има помало отстапување од проекциите за балансиран буџет.
Умереноста на јавните приходи значи дека тие мора да се движат во рамките определени со приходите собрани од фискалните давачки, односно државата треба да троши онолку колку што собира даноци и не повеќе од тоа. Континуираното непочитување на ова начело води до акумулација на јавен долг.
Принципот на пропорционалност дава генерална идеја во кој сооднос треба да се движат јавните расходи во однос на бруто домашниот производ и јавните приходи.
Структура на јавните расходи
Структурата на јавните расходи е од витално значење за економскиот развој на државата. Од неа зависи функционирањето на државата бидејќи структурата на јавните расходи врши директно влијание и врз развојот на политичкиот и економскиот систем. Затоа е неопходно таа да биде подесена така што ќе овозможи политичка, социјална и економска стабилност во државата и економски раст.
Во современи услови, структурата на јавние расходи може да добие различни форми зависно од тоа кој критериум се користи за нивна класификација. Според планирањето, јавните расходи можат да бидат редовни и вонредни. Теоријата налага редовните јавни расходи државата да ги покрие со планирани со јавни приходи, а вонредните јавни расходи да бидат покриени исклучиво со вонредни приходи (јавен заем, вонреден данок, странска помош, меѓународни кредити, грантови и др.). Во однос на намената, јавните расходи можат а бидат инвестициски и трансферни, а според начинот на трошење, може да се поделат во однос на објектот или субјектот. Имајќи го предвид фактот дека тие не подлежат на секономските законитости на понудата и побарувачката, јавните расходи се распределуваат на седниот начин:
општа тенденција е ставката на социјални трансфери процентуално да зазема се поголем дел од вкупните планирани јавни расходи во државната каса. Во овој дел се крие најголемиот конфликт на интерес на планирање на буџетот, бидејќи владејачката партија има интерес да “купува” социјален мир и гласови со државни парииако овие расходи се непродуктивни и не придонесуваат за економски развој. Трансферите ја намалуваат економската и социјалната раслоеност во државата и ја прераспоредуваат куповната моќ меѓу граѓаните. За сметка на ова, капиталните инвестиции и останатите ставки во јавните расходи, од кои навистина зависи општествениот развој, остануваат процентуално исти или поспоро зе зголемуваат.
Доколку постојано не се внимава на јавните расходи, особено вонредните, можат лесно да излезат од контрола. Разни групи секогаш ќе вршат притисок државата да задоволи одредени нивни потреби. Заради тоа е неопходно јавниот буџет да се одржува во рамнотежа и во претходно предвидени рамки.
Урамнотежување на буџетот
За да обезбеди адекватен раст и развој на националната економија, државата мора да биде способна да ги испланира и урамнотежи сопствените јавни расходи со приходите. Овој процес се нарекува балансирање, т.е. урамнотежување на буџетот. Една од главните задачи на државата во текот на еден фискален периот е да изработи буџет за следниот фискален период во кој коректно ќе ги предвиди сите приливи и одливи на средства. Многу ретко се случува планираниот и остварениот буџет да бидат еднакви, односно буџетот да биде балансиран. Наместо тоа, одредени години јавните приходи се повисоки од јавните расходи, или обратно, со што се јавуваат буџетски суфуцуту или дефицити кои ја нарушуваат рамнотежата на националната економија.
Кога во текот на фискалната година ќе се појави непланиран буџетски дефицит или суфицит, се наметнува потребата да се изврши повторно урамнотежување на буџетот. Процесот на носење на дополнителни измени на буџетот се нарекува ребаланс на буџетот. Измените можат да се вршат и од страна на приходите и од страна на расходите со цел да се постигне нова рамнотежа на јавниот буџет.
Буџетски суфицит
Во случај кога разликата помеѓу јавните приходи и јавните расходи е позитивна, државата остварува буџетски суфицит. Буџетскиот суфицит може да биде планиран или фактички во зависност од тоа дали позитивната разлика помеѓу приходите и расходите била планирана или случајна. Фактичкиот суфицит настанува најчесто како резултат на погрешна проценка на стапката на пораст на економијата, но може да настане и при зголемување на даноците. Доколку буџетскиот суфицит се јавува како резултат на зголемена реализација на приходите од планираните станува збор за т.н. финансиски буџетски суфицит. Доколку пак, износот на приходите го надминува планираниот износ, тогаш станува збор за административен буџетски суфицит. Државата во вакви околности може да одлучи да врати дел од националниот долг предвреме, да го пренесе вишокот на средства за следната фискална година, да финансира изградба на капитални објекти или да го редистрибуира вишокот во форма на социјални трансфери назад меѓу граѓаните.
Треба да се забележи дека не секогаш вишокот на пари во државната каса е позитивен индикатор за националната економија. Ако буџетскиот суфицит не бил планиран, а сепак се појавил, тоа значи дека биле собрани средсва кои инаку слободно би циркулирале низ економијата и позитивно би влијаеле врз нејзиниот развој. Нивната неискористеност директно го намалува економскиот колач и поттикнува коруптивно однесување при реалокација на вишокот на пари. Ова значи дека државата интервенирала прекумерно во слободниот пазар и извршила неефикасна реалокација на средствата во економијата.
Буџетски дефицит
Многу почесто се случува државата да биде исправена пред предизвикот на финансира издатоци во текоот на една фискална година. Буџетскиот дефицит настаува кога разликата меѓу планираните приходи и расходи е негативна. Како и со суфицитот, буџетскиот дефицит може да биде планиран и фактички во зависност од тоа дали негативната разлика меѓу јавните приходи и расходи била планирана или случајна. Ако буџетскиот дефицит е резултат на намалената реалокација на приходите од планираните станува збор за т.н. финансиски буџетски дефицит. Ако пак, износот на реализираните јавни расходи го надминува планираниот износ на расходи, тогаш станува збор за административен буџетски дефицит. Буџетскиот дефицит може да произлезе како резултат на преценување на стапката на пораст на економијата или да се финансираат издатоци за природни непогоди, војни или зголемени социјални трансфери. Зависно од причините, буџетскиот дефицит може да биде структурен и цикличен. Структурниот дефицит се јавува дури и кога стапките на раст на трудот и капиталот се на своето највисоко одржливо ниво. Неговото постоење може да се препише на одлуките што власта ги има донесено во врска со висината на даноците, видовите на социјалните трансфери и нивото на државните инвестиции, т.е. агрегатната потрошувачка. Цикличниот дефицит е одраз на цикличните промени во економската активност на населението.
Иако дефицитот подразбира задолжување и со себе влече негативна конотација, истовремено овозможува користење средства надвор од буџетските ограничувања. Со задолжување, една држава може да се развие побрзо преку вбризгување н дополнителни средства во економијата и подоцна полесно да го врати долгот. Меѓутоа континуираното користење на буџетскиот дефицит може да е замка во која енда генерација на граѓани постојано се задолжува заради уживање во поквалитетен живот а товарот на враќање го префрла на следните генерации граѓани.
Финансирање на буџетскиот дефицит
Во случај на појава на буџетски дефицит државата мора да одлучи преки кој од следниве извори, или комбинација од нив, ќе го финансира кусокот на средства:
под национални рамки се подразбира задолжување на државата кај сопствените граѓани или приватните финансиски институции. Самиот чин се одвива преку издавање на долгорочни хартии од вредност, односно обврзници кои државата зема одредена сума пари, и се обврзува да го врати долгот во пределен рок, со камата. Со својата експанзивна фискална политика, државата, нудејќи повисоки каматни стапки за своите обврзници, го истиснува приватниот сектор од сферата на институциите, и ја презема улогата на главен дигиел на националната економија. Ова е појава на т.н. crowing out. На тој начин државата го помага и забрзува стопанскиот развој, но настанува наружување во функционирањето на пазарниот механизам.
Под задолжување во странство се мисли на задолжување на државата кај меѓународните финансиски институции како ММф, Светската банка, или други странски држави. Во ваков случај, државата издава обврзници на странските пазари на капитал или пак директно се задолжува со кредити кај меѓународните финансиски институции. Иако при вакви услови се избегнува феноменот на истиснување, државата се изложува на дополнителни ризици, какко што се флуктуации во девизните курсеви, нагли промени во глобалните капитални текови итн.
Монетизацијата настапува кога централната банка ја откупува целата, или пак дел од емисијата на државни обврзници издадени за да се покрие буџетскиот дефицит. Со цел да ја покрие оваа трансакцја, централната банка ја зголемува монтераната база, односно печати пари. Овој процес на искористување на монетарната моќ на централната банкапри креирањето на на законското средство на размена е познат и под името сењоража. Експанзијата на монетраната база резултира со појава на инфлација. Со зголемувањето на цените, настанува ерозија на вредноста на буџетскиот дефицит доколку тој е деноминиран во домашна валута. Товарот на сењоражата го носат сите економски субјекти кои купилр државни обврзници. Затоа монетизацијата, иако не го зголемува јавниот долг, има ефект на инфлаторен данок, бидејќи зголемувањето на монетарната база се однесува како воведување на данок на пари и обврзници.
Јавен долг
Во услови кога државата постојано торши повеќе отколку што собира преку фискални давачки, таа мора да најде алтернативни извори на финансирање на буџетскиот дефицит. Акумулацијата на повеќегодишни буџетски дефицити се нарекува јавен долг. Постојат две гледишта за јавниот долг:
според традиционалното гледиште, јавниот буџетски дефицит ја зголемува агрегатната побарувачка за стоки и услуги и го стимулира производството на краток рок, но го истиснува капиталот и ја намалува стапката на економски раст на долг рок.
Рикардијанското гледиште ја застапува тезата дека буџетскиот дефицит воопшто не влијае врз аграрната побарувачка бидејќи учесниците во економијата сфаќаат дека акумулираниот јавен долг е само пролонгирана даночна обврска која кога-тогаш мора да се плати.
Мерки за стабилизација на јавниот долг
Во време од повеќегодишни периоди на користење на погодностите на буџетскиот дефицит постои реална опасност (поради експанзивната фискална политика) државниот долг да нарасне до тој степен што нема да може да се сервисира. Во тој случај државата има неколку ограничени опции (мерки) за спас на економијата ама тие ја подриваат економската хиерархија и се следниве:
Овие мерки многу го оптеретуваат стопанството бидејќи водат до социјални немири, политичка нестабилност и генерално влошување на економската состојба на граѓаните.
Наметнувањето на фискална дисциплина не е некоја популарна мерка, но е најдобар избор за една држава која стои пред национален економски колапс. Оваа активност е стриктно придржување кон спартанска буџетска дисциплина т.е. замрзнување на платите на јавната администрација, прекин на финансирањето на капитални објекти, намалување на социјални трансфери, зголемување и воведување на даноци/те но и девалвирање на националната валута доколку државата е задолжена во домашниот приватен сектор.
За жал, обидите на државата за затегање на буџетскиот ремен најчесто се попречени од синдикатите на вработените во државната администрација, пензионерите, увозниците, но и целиот приватен сектор.
Додека државата пак одлучи и понатаму да се задолжува (и покрај постојниот долг), би требало да побара кредит од категоријата за високоризични земји, за што ќе компензира за повисоки каматни стапки за отплата на кредитот. Оваа активност делува само како катализатор за целосно разнишување на целата економија со тоа што стапката на пораст на јавниот долг во однос на БРУТО ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД станува експлозивна и неизбежно води до банкрот.
Најсуровата мерка за стабилизација на претставува прогласувањето МОРАТОРИУМ за исплата на јавниот долг или во екстремен случај прогласување на национален банкрот. Во вакви околности државата не е во состојба да ги сервисира обврските произлезени со влегување во кредитен аранжман, во кој спаѓаат и платите на вработените во јавната администрација, пензионерите и корисниците на останатите социјални трансфери. Стабилизирањето на домашниот буџет преку неподмирување на обврските краткорочно ги оштетува граѓаните со загуба на заштедите и платите, но долгорочно ја оштетува државата.
Доколку државата објави мораториум спрема странските долгови, се нарушува кредибилитетот на самата држава и се исклучува можноста за понатамошно задолжување кај домашниот и меѓународниот јавен сектор бидејќи е изгубена довербата во државата. Такви се случаите во Русија после Октомвриската Револуција, во Италија за време на владеењето на Мусолини и во Аргентина при крајот на дваесеттиот век.
Цели на фискалната политика
Како значаен инструмент за управување со националната економија фискалната политика има способност да влијае врз економската активност врз населението. Користејќи ги јавните приходи и расходи, државата правилно ги насочува макроекономските политики и влијае врз растот и развојот на стопанството. Успешна фискална политика исполнува:
Основната цел на фискалната политика е одржување на стабилноста на целиот економски систем. Лузните од Големата Депресија во САД и остатокот од светот во дваесеттиот век се една потврда дека државата треба да биде регулатор на стопанството, односно да ги контролира општото ниво на невработеност, економските циклуси, инфлацијата и каматната стапка. Ако пазарниот механизам не го контролира никој се јавуваат дисфункции заради кои ресурсите не се алоцираат на најефикасен можен начин и економијата не е способна да се урамнотежи. Ниската невработеност и ниската инфлација се белези на една стабилна економија, но за краток рок државата не може да ги постигне двете, па се водат жешки политички дебати дали да има висока инфлација и ниска невработеност или обратно. На подолг рок, невработеноста се урамнотежува не едно природно ниво, а инфлацијата престанува да расте.
Втората цел на фискалната политика е промовирање на еднаква дистрибуција на богатството во општеството, односно намалување на социјалните разлики. Ова значи и дека висината на даноците треба да зависи од богатството на оданочените, па со тоа би се намалил јазот меѓу богатите и сиромашните и би се појавила средната класа. Долгорочно гледано, оваа мерка го успорува економскиот раст.
Третата цел на фискалната политика е заштита и одржливост на искористливите ресурси. Ниту еден ресурс на планетава не е бесконечно богат, па државата треба да го ограничи неговото искористување за да трае подолго. Пример на неограничено искористување имаме кај Велика Британија кога во XIX век за потребите на индустриската револуција биле ископани сите наоѓалишта на јаглен. Единствено ова може да се оправда доколку искористувањето на одреден стратешки ресурс ќе доведе до подобра иднина на идните генерации и забрзан развој. Пример за тоа е Русија со исцрпувањето на гасот и арапските земји со нафтата.
Четвртата цел на фискалната политика е постојан раст на финансиската моќ на населението рефлектиран со повисок бруто домашен производ и животен стандард. Оваа цел е најтешко постиглива поради тоа што не постои консензус кои точно инструменти поттикнувачки влијаат врз забрзан развојот на стопанството. Според Кејнз, државата треба да ја стимулира агрегатната побарувачка преку интензивирање на потрошувачката и намалување на даноците. Зголемената потрошувачка пак ќе ги зголеми инвестициите на приватниот сектор, а со тоа ќе се зголеми стапката на раст на целокупната економија.
Петта цел на фискалната политика е флексибилноста односно способноста на државата дискреционо и структурно да се прилагодува на новнастанатите појави на макроекономскиот хоризонт. Во ситуации како природни непогоди, земјотреси, поплави и сл. државата треба да биде подготвена да одговори на потребите на населението. Во години на нормален раст и развој државата треба структурно да ја прилагодува фискалната политика така што ќе обезбеди мали флуктуации во економските циклуси и долгорочна стабилност користејќи ги како инструменти даночните и каматните стапки, но и политиката на социјалните трансфери.
Насоки на фискалната политика
Во зависност од тоа дали се стреми кон зголемување на БДП и нивото на вработеност или намалување на инфлацијата, фискалната политика може да се движи во две насоки:
Фискалната политика е лабава (експанзивна) кога државата ја зголемува потрошувачката или ги намалува давачките со цел да стимулира зголемена агрегатна потрошувачка. Во ваков случај јавните расходи се повисоки од јавните приходи, односно државата планира и реализира буџетски дефицит.
Фискалната политика пак се нарекува цврста (контрактивна) кога државата ја намалува потрошувачката или ги зголемува давачките со цел да ја намали инфлацијата, да врати дел од јавниот долг или генерално да го стабилизира стопанството. Во вакви услови јавните приходи се повисоки од јавните расходи, а државата остварува буџетски суфицит.
Оптимална фискална политика
Многу економисти сметаат дека преку уставот треба да се наметне водење одговорна фискална политика, зашто постојат опасности дека еден ден националниот долг нема да може да се сервисира. Според нив, државата треба да троши само она што го остварува преку фискалните давачки.
Пропонентите за експанзивна фискална политика мислат обратно, односно дека со тоа ќе ограничи развојот и растот на стопанството. Тие мислат дека државата не треба сама да си ги врзува рацете и да води флексибилна фискална политика.
Постојат три главни аргументи за потреба од водење на оптимална фискална политика:
Во екстремни услови буџетскиот суфицит и дефицит може да апсорбира одреден шок во економијата и со тоа се однесува како автоматски стабилизатор. Во случај на рецесија, поради намалената активност на населението и зголемување на расходите на социјалните трансфери, доаѓа до буџетски дефицит. Овие автоматски реакции го туркаат буџетот во дефицит, но му помагаат на населението да ја преброди кризата. Доколку пак се инсистира на балансиран буџет, треба да се зголемат даноците и давачките, што дополнително ќе ја влоши веќе лошата економска состојба. Со неизбежното создавање на дисторзија меѓу населението, и обесхрабрувањето на економската активност поголемиот дел од добивката оди во државна каса. Но, со постоењето на буџетскиот дефицит, тој ќе го апсорбира шокот. И така ќе нема потреба фискалните давачки да се зголемуваат, со што ќе се обезбеди стабилност на даночниот систем и сето тоа ќе ја минимизира варијабилноста во даночните стапки. Оваа економска политика се нарекува даночно порамнување и е возможна единствено во услови на фискална флексибилност.
Пренесувањето на даночниот товар од колено на колено може да претставува еден вид на стапица, интергенерациската редистрибуција во суштина овозможува финансирање на економскиот развој во сегашноста и распределување на обврските брз неколку генерации, кој ќе бидат уживатели во развиениот економски свет.
Заклучок:
Фискалната политика на една држава претставува еден сегмент на нејзиното работење. Преку оваа политика се извршуваат сите капитални инвестиции во државата, помагањето на социјалниот сектор, и пресметка на сите трошоци на државата. Со буџетот се предвидува и се прават пресметки за сите приходи и расходи кои една држава (ќе) ги прави во тековната или пак наредната фискална година. Во фискалната политика особено е важно да се внимава на “проблеми” како дефицитот, јавниот долг, задолжувањето во странство, кои можат да се одразат негативно на функционирањето на државата. Како погодни елементи може да се каже дека се урамнотежувањето на буџетот, ребалансот на буџетот, стабилизацијата на јавниот долг или пак појавата на суфицит во буџетот, кои секако позитивно влијаат врз економската слика на државата и нејзинот остопанство.
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.MaturskiRadovi.Net je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!